Андре Бенџамин е Џими Хендрикс во Jimi: All is By My side

Андре Бенџамин е Џими Хендрикс во Jimi: All is By My side

Денеска го имаме првиот трејлер за Jimi: All is By My side, биографска драма за Џими Хендрикс, легендата на рокенролот и еден од најдобрите гитаристи на сите времиња. Андре Бенџамин (член на музичкото дуо OutKast) го глуми познатиот музичар, а во останатите улоги ќе се појават Хејли Атвел, Имоџен Потс, Ејми Де Брун и Роби Џарвис.

Филмот ќе се фокусира на специфично време од животот на Хенрикс, односно на периодот од 1966 до 1967 година, кога тој ја започнува неговата музичка кариера.

Режијата и сценариото се на Џон Ридли (сценарист на добитникот на Оскар 12 Years a Slave). Jimi: All is By My side ќе се појави во кино салите на 26-ти септември.

Објавено од admin на 5 July 2014, 08:31