Breathe за Ендру и Клер

Breathe за Ендру и Клер

Ендру Гарфилд оваа година освои номинација за Оскар за потретирањето на воениот доктор Дезмонд Дос во филмот на Мел Гибсон, Hacksaw Ridge.

Сепак, оваа година Ендру ќе ни претстави уште еден биографски филм, режиран од добро познат актер. Станува збор за Breathe, филмот режиран од Ендру Серкис (Gollum/King Kong) во кој Ендру ќе го портретира Робин Кавендиш.

breathe2

Кавендиш бил медицински истражувач претворен во адвокат за правата на лицата со телесен хендикеп и еден од лицата кои заболеле од полио а кои успеале да имаат многу поголем животен век отколку што им дале нивните доктори. Тој починал во 1994-та година на 64 годишна восраст, заболел од полио на само 28. Остатокот од животот го поминал во инвалидски колички, но успеал да има среќен и исполнет живот најмногу пореди поддршката од сопругата Дајана (Клер Фој).

breathe

Во останатите улоги на Breathe ќе ги видиме и Хју Боневил и Дин Чарлс Чепман, а премиерата е закажана за 27-ми октомври. Ова се првите фотографии од Breathe.

breathe3

Објавено од admin на 21 March 2017, 10:04