Carrie Pilby прв трејлер: Бел е гениј од Харвард

Carrie Pilby прв трејлер: Бел е гениј од Харвард

Бел Поули, англиската актерка која се прослави со The Diary of a Teenage Girl, оваа пролет ќе ни го претстави најновото дело.

carrie2 (2)

Carrie Pilby е името на најновиот проект на Бел, а во него таа ќе ја толкува насловната улога. Таа на Кери Пилби. Тинејџерка која поседува неизмерен талент, висок коефициент на интелегенција и која дипломирала од Харвард на само 19 години. Carrie Pilby е адаптација на истоимениот роман од Карен Лиснер, а за режијата се погрижи Сузан Џонсон.

carrie

Во филмот ќе ги видиме и одличните Нејтан Лејн, Џејсон Ритер, Габриел Берн, Колин О’Донохју, Ванеса Бајер, а премиерата е закажана за 4-ти април.

Погледнете го првиот трејлер:

Објавено од admin на 17 February 2017, 10:05