Четири нови премиери во Cineplexx

Четири нови премиери во Cineplexx

Игрите на гладните: Мокингџеј 2“ , последното продолжение од возбудливата научно-фантастична авантура ни пристигнува во Cineplexx, на еден ден пред САД!

„Мокингџеј 2“ е завршно поглавје во кое Катнис Евердин (Џенифер Лоренс) сфаќа дека целиот нејзин влог нема да придонесе само за преживување на игрите, туку ќе ја променат иднината на луѓето. Панем е во војна, а Катнис се соочува со претседателот Сноу (Доналд Сатерленд) во конечна пресметка. Со нејзините најблиски пријатели Гејл (Лиам Хемсворт), Финик (Сем Клафлин) и Пита (Џош Хатчерсон), Катнис тргнува на мисија со Округот 13. Сите ги ризикуваат своите животи само за да го спасат Панем и да извршат атентант на претседателот Сноу, кој е опседнат со идејата за нејзино уништување. Оваа борба ќе биде најопасна од било која друга во арената.

Режисерот Францис Лоренс изјавува: „Во овој филм, Катнис Евердин ја зема акцијата назад во свои раце и лично оди по претседателот Сноу. Можеме да видиме повеќе акција, повеќе можности, повеќе емоции, а најмногу од сѐ, овој филм ја носи приказната до конечниот заклучок.”

Џенифер Лоренс како Катнис Евердин од првиот дел до сега има поминато низ многу работи. Од девојка која со голи раце тргна да се спасува себеси и својата фамилија, и станување херој на многумина, таа израсна во строг лидер решена да се бори против немилосрдниот општествен поредок.

Лоренс вели: „Во овој дел Катнис навистина почнува да сфаќа дека работите може да се променат. Досега, таа се обидуваше да преживее, но сега тргнува во вистинска борба. Возбудливо е што таа конечно ја прифати улогата на лидер. На крајот од првиот дел беше несигурна дали да продолжи. Во вториот дел, веќе ја гледа пошироката слика и се фокусира на иднината.“

„Акцијата во Игрите на гладните: Мокингџеј 2 се неверојатни“ – додава Џенифер. „Некои од нив беа многу тешки – снимање во мокри тунели, боречки сцени во и над водата, потопени од водата со најголема брзина, но сѐ тоа беше вредно бидејќи тоа ќе изгледа фантастично реално за публиката.“

ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на овој филм. „На овој проект работеа 46 артисти, кои во период од 5 месеци изработија 166 кадри” изјавува Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х. Франшизата на блокбастерот „Игри на гладните” ја освои филмската публика низ целиот свет, заработувајќи 2,3 милијарди американски долари на кино благајните.

Покрај овој филм на репертоарот ќе се најдат и „Панама“, „Жртвувања на пионот“ и анимираната авантура „Алберт“.

Објавено од admin на 18 November 2015, 12:22