
Дензел снима и се „разладува“ во океанот
Дензел Вашингтон имаше многу продуктивна и успешна 2016-та година, а најверојанто таква ке биде и оваа 2017-та година. Двојниот Оскаровец на почетокот на годинава беше номиниран за Оскар за улогата во Fences, но сега беше забележан од папараци фотографите на сетот на Inner City.
Дензел е главната ѕвезда на крими драмата режирана и напишана од Ден Гилрој во која Вашингтон ќе биде Роман Израел. Идеалистичен јавен ибвинтел кој ќе се најде во серија на инкриминирачки проблеми од кои ќе мора да најде логично и чесно решение.
Во Inner City ќе ги видиме и Аманда Варен и Колин Фирт, а продукцијата веќе започна во Малибу. Дензел беше забележан од папараци фотографите на сетот како со афро фризура се разладува во водата помеѓу снимањето на сцените.
Премиерата на Inner City е закажана за следната година, а ова е Дензел на сетот во Малибу.