Џони е само една многуте ѕвезди на Murder on the Orient Express

Џони е само една многуте ѕвезди на Murder on the Orient Express

Murder on the Orient Express e една од најсаканите и најславните новели од Агата Кристи. Таа веќе беше адаптирана во филм со верзијата на режисерот Сидни Луме од 1974-та година, но сега оваа година пристигнува најновата филмска адаптација.

murder

Во режија на Кенет Брана, Murder on the Orient Express повторно нуди одличен ансамбл на актери кои ќе ги видиме на филмското платно. Брана воедно ќе ја толкува главната улога на детективот Херкул Поаро, а покрај него во актерската екипа ќе бидат и одличните Џони Деп, Дејзи Рајдли, Мишел Фајфер, Вилем Дефо, Оливија Колман, Џош Гад, Дерек Џекови и оскаровките Џуди Денч и Пенелопи Круз.

murder4

Мајкл Грин го адаптираше сценариото од новелата на Агата Кристи, а премиерата е закажана за 10-ти ноември оваа година. Првите фотографии од најновата адаптација пристигнаа благодарение на EW магазинот, а како изгледаат актерите во добро познаатите улоги?

Погледнете.

murder2

murder3

Објавено од admin на 9 May 2017, 09:23