Еди Редмејн е Стивен Хокинг во Theory of Everything

Еди Редмејн е Стивен Хокинг во Theory of Everything

Денеска го имаме првиот трејлер за Theory of Everything, драма која се фокусира на животот на генијалниот Англиски физичар, космолог и автор Стивен Хокинг, посебно на младите години додека студирал на Кембриџ и се запознал со колешката Џејн Вајлд.

http://youtu.be/MOi2x2mLZnY

Хокинг го глуми актерот Еди Редмејн, додека во останатите улоги ќе се појават Фелисити Џонс, Емили Вотсон и Дејвид Тевлис. Режисер на филмот е Џејмс Марш, а сценариото го напиша Ентони Мекартен.

Theory of Everything ќе се појави во кино салите на 7-ми ноември.

Објавено од admin на 7 August 2014, 07:54