Емили Браунинг во првиот трејлер за Plush

Емили Браунинг во првиот трејлер за Plush

Денеска го имаме првиот трејлер за Plush, новата драма на режисерката Кетрин Хардвик (Twilight, Red Riding Hood). Приказната ја прати Хејли, млада пејачка која се заљубува во нејзиниот гитарист, Картер. Набргу дознава дека тој има мрачно минато и може да претставува опасност за неа и нејзините блиски.

http://youtu.be/gw1r1Tzf5-4

Сценариото го напиша Хардвик, заедно со Арти Нелсон, Во главните улоги се појавуваат Емили Браунинг, Сем Гиганџет, Ксавиер Семјуел, Томас Декер и Франсес Фишер.

Plush ќе се појави во кино салите на 13-ти септември.

Објавено од admin на 1 September 2013, 15:28