Емоционална сцена за Џулија на сетот на Wonder

Емоционална сцена за Џулија на сетот на Wonder

Оскаровката Џулија Робертс оваа година ја видовме во режисерскиот обид на Џоди Фостер, Money Monster, а сега моментално се наоѓа во Вaнкувер каде ја снима драмата Wonder.

julia4

Партнер на сетот и беше колегата Овен Вилсон кој ќе го глуми нејзиниот „филмски сопруг“ а двајцата ги снимаа најновите сцени од драмата режирана од Стивен Чобски. Џулија и Овен во Wonder ќе портретираат родители на мало дете кое има тежок деформитет во пределот на лицето. Синот ќе го глуми малиот Џејкоб Трембли, актерот кој веќе блескаше во оскаровската драма Room, а покрај триото актери ќе ги видиме и Менди Патинкин, Мили Дејвис, Ели Мекинон…

owen

Премиерата на Wonder е закажана за 7-ми април, следната година. Ова се Џулија и Овен на сетот во Ванкувер.

julia2

 

julia

julia6

julia5

Објавено од admin .f24 на 4 August 2016, 08:41