
Fences: Новиот режисерски обид на Дензел го доби првиот тизер
Веќе го претставивме Fences, 3-от филм во кариерата на Дензел Вашингтон во кој тој се потпиша и како режисер, но сега го претставуваме и првиот тизер кој беше објавен.
Филмската адаптација на истоимената театарска претстава е сместена во 50-те години од 20-от век и во неа ќе имаме можност да го видиме Дензел во улогата на Трој.
Екс бејзбол играч кој поради расизмот кој го искусил се откажал од кариера во овој спорт. Тој сега работи како собирач на ѓубре и се обидува финансиски да го издржи семејството. Во улогата на сопругата на Трој ќе ја видиме Вајола Дејвис, а исто така во останатите улоги ќе се појават Макелти Вилијамсон, Санија Сидни, Расел Хорнсби…
Дензел и Вајола ги толкуваа истите улоги и во самата бродвејска претстава во 2010-та година, а филмот моментално е еден од фаворитите за оскаровската трка во повеќе категории. Најдобра глума и најдобра режија.
Премиерата на Fences може да ја очекуваме на 25-ти декември, а ова е првиот тизер.