Филм за најлошиот филм во историјата

Филм за најлошиот филм во историјата

Џејмс Франко оваа година ќе биде зафатен актер. На неговата агенда тој има неверојатни 10 проекти во кои е инволвиран. На малите екрани и на филмското платно, оваа година актерот ќе биде присутен доста во кино-салите и тв каналите.

room2

Но, тој моментално го снима и најновиот проект, биографската комедија The Disaster Artist во која Џејмс ќе соработува со неговиот помлад брат Дејв Франко. Џејмс покрај тоа што ќе ја толкува главната улога во The Disaster Artist, ќе застане и зад камерата во нов режисерски обид.

The Disaster Artist ќе ја раскаже приказната за професионалното и приватното пријателство на мистериозниот и контроверзен режисер Томи Висо со актерот Грег Сестеро за време на снимањето на филмот Room.

Room, филмот од 2003-та година важи за еден од најлошите филмови кои се снимени, но во исто време ужива и „underground“ култен статус кај селектираната група на фанови. Дејв Франко ќе ја толкува улогата на Сестеро, а покрај браќата Франко во филмот ќе ги видиме и Сет Роген, Џош Хачерсон, Зек Ефрон, Шерон Стоун, Џеки Вивер и Кејт Аптон.

james

The Room е познат како „Граѓанинот Кејн“ на лошите филмови, а самиот филм ќе биде адаптиран од истоимената книга која Сестеро која напиша во соработка со Том Бисел.

Не е позната датата за премиерата на The Disaster Artist, но веќе пристигнаа првите фотографии од сетот во Калифорнија.

james2

dave

seth

james3

seth2

Објавено од admin .f24 на 14 January 2016, 10:41