Харисон Форд во новиот трејлер за 42

Харисон Форд во новиот трејлер за 42

Warner Bros го објави првиот официјален трејлер за 42, најновиот филм на Брајан Хелгеланд (сценарист на одличните L.A. Confidential, Mystic River и Man on Fire). Филмот 42 ја следи приказната за Џеки Робинсон, кој е првиот афро-американец кој заиграл во најквалитетната безјбол лига во САД, како и спортскиот директор на Бруклин Доџерс, Бренч Рики, кој го препознава талентот на Робинсон и до доведува во неговиот тим. Погледнете го трејлерот:

Сненариото за филмот го напиша Брајан Хелгеланд, додека во главните улоги се појавуваат Харисон Форд, Кристофер Мелони, Лукас Блек, Рода Грифис и Т.Џ. Најт. 42 ќе се појави во кино салите на 12-ти април.

 

Објавено од admin на 14 January 2013, 10:54