Има планина меѓу Кејт и Идриз

Има планина меѓу Кејт и Идриз

Кејт Винслент има нов проект, а во неа партнер и сонародникот и колега актер Идриз Елба.

The Mountain Between Us е името на најновиот филм режиран од Хану Абу Асад, кој воедно е и филмска адаптација на истоимената книга од Чарлс Мартин. Оскаровката Винслент во The Mountain Between Us ќе биде Ешли Нокс а Идриз ќе го портетира нејзиниот сопатник хирургот Бен Пајн.

the-mountain-between-us-idris-elba-kate-winslet

Откако нивниот авионски лет ќе биде откажан поради лошо време, ќе успеат да се качат во друг чартер лет. Но тој ќе се урне и само тие двајца ќе бидат преживеани патници. Тие ќе треба да преживеат лошо време и изолација на голема надморска висина, за да можат безбедно да се вратат дома.

Покрај нив двајца во The Mountain Between Us ќе ги видиме и Дермот Мелруни и Бо Бриџис, а премиерата е закажана за 20-ти октомври.
Погледнете ги првите фотографии од The Mountain Between Us.

the-mountain-between-us-kate-winslet

the-mountain-between-us-kate-winslet-idris-elba

the-mountain-between-us-idris-elba

 

Објавено од admin на 31 May 2017, 08:08