Ќе ја видите потта и топлината од мечката во таа сцена!

Ќе ја видите потта и топлината од мечката во таа сцена!

Леонардо ди Каприо вчера беше гостин во утринската програма на ABC каналот, каде ги расчисти гласините поврзани со сцената од неговиот најнов филм The Revenant.

leo2

Иако дел од медиуммите објавија дека тој е „силуван“ од мечка во сцената од The Revenant, тој силно ги негираше тие објави, но соопшти дека подготовките и самото снимање на сцената барале месеци и месеци истражување.

-Немам слобода да зборувам за тоа како режисерот Ињариту ја сними таа сцена, но ќе кажам дека бараше месеци вежбање, а и гледање на повеќе видеа од луѓе кои се нападнати од мечки, објасни актерот.

leo3

Ди каприо додаде и дека самата сцена е висерална за публиката, но дека таа ќе ужива во гледањето на истата.

-Ќе ја видите потта и пареата од самата мечка, а луѓето зборуваат за неа бидејќи е револуционерна во самото снимање на сцената. Луѓето реагираат на неа бидејќи не е како ништо што до сега го виделе, објасни Лео за сцената во The Revenant.

leo4

Леонардо веќе освои номинација за Златен глобус за глумата во The Revenant, а се смета и за еден од фаворити за освојување на Оскар за главна машка улога.

Објавено од admin .f24 на 22 December 2015, 11:18