Ќерката на Џони Деп го освојува Холивуд

Ќерката на Џони Деп го освојува Холивуд

По неколкуте минорни улоги во Tusk и Yoga Hosers филмовите на Кевин Смит (во Yoga Hosers таа глумеше покрај татко си Џони), следната година ќе имаме можност да ја видиме Лили Роуз Деп (ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради) во главна улога.

Planetarium е името на најновиот проект во кој таа ќе ја толкува една од двете главни утлоги, а Лили во најновиот режисерски проект на Ребека Злотовски ќе глуми покрај оскаровката Натали Портман.

lilly5

Лили и Натали во Planetarium ќе портретираат сестри кои веруваат дека поседуваат натприродни моќи, а самата продукција на филмот веќе трае во Париз.

Како Натали минатата недела, така и Лили оваа беше забележана на сетот на Planetarium во ретро имиџ, специјално дизајниран од костимографите на самиот филм.

natalie4

Премиерата на Planetarium е закажана за следната година, а до тогаш погледнете ја Лили Роуз Деп во најновата улога.

lilly6

lilly4

lilly3

lilly

Објавено од admin .f24 на 6 October 2015, 07:57