Како Холивуд реагираше на признанието од Бертолучи?

Како Холивуд реагираше на признанието од Бертолучи?

Француската актерка Марија Шнајдер уште во 2007-ма година јавно зборуваше за непријатното искуство при снимањето на познатата „путер сцена“ од филмот на Бернардо Бертолучи, Last Tango in Paris.

LEAD Technologies Inc. V1.01

Таа во интервјуто од 2007-ма година изјави дека идејата за самата сцена била на колегата Марлон Брандо и тој заедно со режисерот Бертолучи знаеле за намерите и самото снимање, но ништо не и кажале. Бертолучи во снимено интервју од 2013-та година кое беше објавено дури сега во 2016-та потврди дека Марија навистина не знаела за импровизацијата на снимањето. Ниту тој, а ниту Брандо не и кажале дека ќе биде снимена сцената токму на таков начин, затоа што сакале нејзината реакција да биде што е можно поискрена. Марија имала само 19 години за време на снимањето на филмот, а актерката почина во 2011-та година.

tango2

Признанието од Брандо наиде на лавина од негативни коментари, а како дел од актерите и актерките кои на социјалните медиуми го критикуваа Бертолучи беа Крис Еванс, Ана Кендрик, Чесика Частејн, Еван Рејчел Вуд и режисерката Ава Дувернеј.

Погледнете ги Twitter реакциите за самата сцена во Last Tango in Paris.

twitter

twitter2

twitter3

zelda

Објавено од admin на 5 December 2016, 10:05