Килијан и Кенет се подготвени! Акција!

Килијан и Кенет се подготвени! Акција!

Веќе пишувавме за повеќе аспекти од продукцијата на Dunkirk. Фотографиите и видеата од самиот сет, а исто така ги прикажавме и фотографиите кои кинематографот Хојте ван Хојтема и монтажерот Ли Смит ги објавија на социјалните мрежи.

cillian4

Но, од таму пристигнаа и најновите фотографии од двајца од најдобрите актери кои се дел од самата воена драма на режисерот Кристофер Нолан. Килијан Марфи и Кенет Брана.
Иако не е познат идентитетот на ликовите кои тие ќе ги портретираат во Dunkirk, познат е изгледот на самите ликови. Двајцата беа забележани на сетот во Франција, а покрај Килијан и Кенет во Dunkirk ќе ги видиме и Том Харди, Марк Рејлајнс, Хери Стајлс, Џек Лоуден, Џејмс Дарси…

kenneth

Dunkirk ќе ни ја прикаже евакуацијата на Дункирк, Франција во 1940-та година и во самата операција биле спасени околу 330.000 војници откако биле опкружени од Нацистите на плажа во Франција. Премиерата на Dunkirk е закажана за 21-ви јули следната година а ова се Килијан и Кенет на сетот.

Urk - Filmopnamen van Dunkirk in de haven van Urk.

cillina2

kenneth2

cillian3

Објавено од admin .f24 на 13 July 2016, 10:45