Колин Фарел во трејлерот за Miss Julie

Колин Фарел во трејлерот за Miss Julie

Денеска го имаме првиот трејлер за драмата Miss Julie, која е базирана на истоимената претстава на Огуст Стриндберг. Во главните улоги се појавуваат Колин Фарел, Џесика Честејн, Саманта Мортон и Нора Мекменами.

Приказната е сместена во 1874 година во Ирска и се фокусира на љубовна врска помеѓу млада аристократка и помошникот на нејзиниот татко.

Режијата и сценариото се на Лив Улман. Miss Julie ќе се појави во кино салите на 5-ти декември.

Објавено од admin на 17 November 2014, 11:15