Корсет драма за Кристен

Корсет драма за Кристен

Кристен Стјуарт до крајот на годинава фановите ќе имаат можност да ја погледнат во драмата на двојниот Оскаровец Анг Ли, Billy Lynn’s Long Halftime Walk, но таа веќе подготвува нов проект.

christen7

Актерката беше забележана во Савана, Џорџија на сетот на Untitled Lizzie Borden Project, неименуваниот биографски филм за озогласената Лизи Борден. Таа била девојка од Фал Ривер, Масачусетс, која кон крајот на 19-от век со секира наводно ги убила својот биолошки татко и нејзината маќеа. По судењето таа била ослободена од сите обвиненија, но до ден денешен се шпекулира дека иако била виновна, лошото судење и немањето доволно докази за да ја осудат придонеле за ослободителна пресуда и покрај тоа што се верувало дека навистина таа ги убила татка си и маќејата.

christen

Улогата на Лизи Борден и беше доделена на Клои Севињи, а Кристен ќе ја толкува Бриџет Саливан, една од слугинките во куќата во која што живеела Лизи Борден. Таа починала во 1927-ма година, на возраст од 66 години.

Покрај Кристен и Клои, во филмот на Крег Вилијам Мекнил ќе ги видиме и Џеј Хагели, Фиона Шо, а премиерата е закажана за следната 2017-та година.

christen2

christen4

christen5

christen6

christen8

christen9

Објавено од admin на 21 November 2016, 09:59