Краткиот Love Actually филм доби прв тизер

Краткиот Love Actually филм доби прв тизер

Божиќниот романтичен филм од 2003-та година, Love Actually е еден од најсаканите меѓу фановите. Филм кој ден денешен е број 1 избор за Денот на вљубените, но овој месец (по повод red nose day) ќе биде прикажано и продолжението на Love Actually.

grant-love-actually-640x420

Во формат на краток филм, продолжението (сега насловено само Red Nose Day Actually) ќе биде прикажан во В. Британија на 24-ти март на BBC каналот, а во САД на 25-ти мај оваа година.

love2

А во него покрај големиот дел од актерската екипа од оригиналот од 2003-та година, за жал нема повторно да ги видиме актерите како Ема Томпсон, Мартин Фримен, Лора Лини, Родриго Санторо и Алан Рикмен кој трагично почина минатата година.

love3

Погледнете го првиот тизер за Red Nose Day Actually:

Објавено од admin на 23 March 2017, 08:33