Крис е добриот вујко во Gifted

Крис е добриот вујко во Gifted

Крис Еванс оваа година го видовме повторно во улогата на Стив Роџерс/Captain America во блокбастерот Captain America: Civil War.

Но, за следната година тој подготви нов проект, многу поразличен од акционите трилери од франшизите на Марвел на кои навикнавме да го гледаме. Името на најновиот проект е Gifted, а во него тој ќе биде Френк Адлер.

chris2

gifted3

Човек кој се грижи за 7-годишната внука Мери (Мекена Грејс). Таа е талентирано девојче со натпросечен коефициент на интелегенција, но набрзо Мери ќе се најде во средината на борба за старателство. Помеѓу нејзината баба Евелин (Линдзи Данкан) и на вујко и Френк (Крис Еванс). Во останатите улоги ќе ги видиме и Џени Слејт, Октавија Спенсер и Џули Ен Емери, а за режијата се погрижи одличниот Марк Веб (500 days Of Sumмer).

chris

Премиерата на Gifted е закажана за 12-ти април следната година, а ова е првиот трејлер:

Објавено од admin на 2 November 2016, 09:53