Кристен Стјуард во трејлерот за Camp X-Ray

Кристен Стјуард во трејлерот за Camp X-Ray

IFC Films денеска го објави првиот трејлер за Camp X-Ray, драма во која главната улога ја толкува актерката Кристин Стјуард. Приказната прати војник кој е назначен да работи во Гвантанамо Беј и таму се спријателува со човек кој е затворен веќе осум години.

Во останатите улоги ќе се појават Џон Керол Линч, Лејн Гарисон, Тара Холт и Кори Мајкл Смит. Режијата и сценариото се на Питер Сатлер.

Camp X-Ray ќе се појави во кино салите на 17-ти октомври.

Објавено од admin на 11 August 2014, 10:56