Малик собра дури 5 Оскаровци за Weightless

Малик собра дури 5 Оскаровци за Weightless

Долго најавуваниот проект на одличниот Теренс Малик конечно почнува да се открива на фановите не само на режисерот Малик, туку и на актерите во него.

weightless2

Па така првата официјална фотографија од Weightless, е конечно објавена за сите кои со нетрпение го очекуваат неговиот најнов проект. На неа може да се погледне Руни Мара (како русокоса), Рајан Гослинг и Мајкл Фасбендер. За двајцата актери Weightless ќе ја означи првата соработка со Малик на професионален план.

weightless

Многу малку е познато за сижето на филмот, но од малкуте информации кои се дадени, Weightless ќе ја раскаже приказната за повеќе парови чии приказни ќе започнат чудни љубовни тријаголници.

Во останатите улоги ќе ги видиме и Натали Портман, Кејт Бланшет, Беренис Мелор, Хејли Бенет, Болд Холбрук, Бенисио дел Торо, Холи Хантер и Кристијан Бејл.

weightless4

weightless3

Во филмот напишан и режиран од Малик ќе имаме можност да видиме дури 5 Оскаровци, а премиерата е закажана за 17-ти март оваа година. Погледнете:

song-to-song-image-ryan-gosling-michael-fassbender-rooney-mara-600x399

Објавено од admin на 4 January 2017, 09:24