Најновото македонско дело: првиот трејлер за „Златна петорка“

Најновото македонско дело: првиот трејлер за „Златна петорка“

Првиот трејлер за филмот на Горан Тренчовски, „Златна петорка“ е официјално објавен за фановите кои со нетрпение го очекуваат.

Сценариото за овој македонски филм е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева, заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, а една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава”.

petorka2

„Златна петорка” е замислен како фикција за една прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Во филмската приказна не водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Се додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 при што е ликвидирана група студенти од Струмица.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац (Ламариниќ), Јана Стојановска / Љупка Џундева (Ката), Игор Ангелов / Петар Арсовски (Џиџи), Васил Михаил / Ненад Милосављевиќ (Алавантие), Билјана Таневски (Загариева), Дине Дрваров (Кољо), Стојан Велков (Монах); петте студенти ги играат Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров и Виктор Јакимовски.

Точната дата на премиерата во Скопје не е позната за јавноста, но познато е дека на 13-ти август ќе биде прикажан во Струмица. Се очекува филмот да биде прикажан и на дел од европските филмски фестивали.

Погледнете.

Објавено од admin .f24 на 2 February 2016, 08:28