Нов актер – ист претседател

Нов актер – ист претседател

Откако објавивме дека Брајан Кренстон, актерот попознат по улогата во серијата Breaking Bad ќе ја толкува улогата на екс претседателот Линдон Б. Џонсон во биографскиот ТВ филм All the Way, сега истата улога ќе ја портретира и еден друг одличен актер.

Вуди Харлесон. Ѕвездата на True Detective и филмовите како The People vs. Larry Flynt, The Messenger и The Hunger Games следната година ќе имаме можност да го видиме во биографскиот игран филм LBJ.

woody2

Харелсон во LBJ ќе го портретира екс претседателот на САД од неговата младост во западен Тексас, па се до мандатот во Белата куќа.

Покрај Вуди, во остатокот од актерката екипа ќе ги видиме Џенифер Џејсон Ли, како „првата дама“ Лејди Брд Џонсон, Бил Пулман, Џефри Донован, Ричард Џенкинс, додека пак зад режијата ќе застане одличниот Роб Рајнер.

Точната дата за премиерата не е објавена, но објавени се првите фотографии од изгледот на актерот во улогата.

woody

woody3

woody4

Објавено од admin .f24 на 29 September 2015, 07:41