Нов имиџ за Крис- и нова супер улога

Нов имиџ за Крис- и нова супер улога

Крис Еванс оваа година го видовме повторно во улогата на Капетанот Америка во Avengers: Age Of Ultron; но за следната година тој ни подготвува нов комплетно поинаков филмски проект.

chris6

Станува збор за драмата Gifted. Во најновиот режисерски обид на одличниот Марк Веб, Крис ќе биде Френк Адлер. Човек во своите 30-ти кој не го искористил потенцијалот и го потрошил речиси половина живот во неуспех и медиокритет. Нo, кога неговата сестра ќе почине, тој ќе треба да се грижи за внуката Мери (Мекена Грејс). Мери е талентирано дете со генијален интелект, а тој треба да се погрижи да не ја доживее истата судбина како него, но во исто време и да има нормално детство по смртта на мајка си. Работите ќе се комплицираат кога неговата мајка ќе се вмеша во битката за старателство над Мери.

Продукцијата на Gifted е при крај во Атланта, а веќе се снимаше на повеќе локации и низ Флорида. Покрај Крис и Мекена, во филмот ќе ги видиме и Џени Слејт, Линдзи Данкан, Џон Фин и оскарвката Октавија Спенсер.

Премиерата може да ја очекуваме следната година, а до тогаш погледнете како тече снимањето.

chris4

amy

chris

chris2

chris3

isla

Објавено од admin .f24 на 3 November 2015, 16:04