Новите фотки од Battle of the Sexes се тука! Ѕирнете ги!

Новите фотки од Battle of the Sexes се тука! Ѕирнете ги!

Новите фотки од Battle of the Sexes се конечно објавени, и тоа благодарение на People магазинот.

Battle of the Sexes е еден од нај очекуваните филмови на годината, и веќе се смета како нов оскаровски потенцијал за доделувањето на наградите следната година. Биографскиот филм во режија на Џонатан Дејтон и Валери Фарис, нуди поглед на еден од најгледаните мечеви во историјата. Тенискиот меч во 1973-та година помеѓу Боби Ригс и Били Џин Кинг.

emma-stone-steve-carrell-battle-of-the-sexes

Во улогата на Боби Ригс ќе го видиме фантастичниот Стив Карел, а Били Џин Кинг ќе биде овогодинешната добитничка на Оскар, Ема Стоун. Во останатите улоги ќе се појават и Андреа Рајсеброу, Елизабет Шу, Алан Каминг, Сара Силверман, а премиерата е закажана за 22-ри септември.

Погледнете ги новите фотографии од Battle of the Sexes кои ги објави екслузивно People:

Објавено од admin на 11 May 2017, 09:25