Одличен тизер за фантазијата A Monster Calls

Одличен тизер за фантазијата A Monster Calls

“One day the invisible man couldn’t stand it anymore…” Focus Features денеска го објави тизерот за A Monster Calls, новиот проект на талентираниот режисер Х.А. Бајона (The Orphanage, The Impossible).

Приказната го прати 12-годишниот Конор кој се обидува да се справи со болеста на неговата мајка и малтретирањето од неговите соученици со бегство во имагинарен свет исполнет со чудовишта и самовили.

Во главните улоги ќе ги видиме Лиам Нисон, Фелисити Џонс, Тоби Кибел, Сигурни Вивер и Луси Мекдугал. Сценариото го напиша Патрик Нес.

A Monster Calls ќе се појави во кино салите на 14-ти октомври, следната година.

Објавено од admin на 20 November 2015, 12:05