Пак во Камбоџа

Пак во Камбоџа

Анџелина Џоли повторно се врати со семејството во Камбоџа. Земјата од која потекнува најстарото дете, Мадокс, но и земјата во која таа продолжува да го снима најновиот филм.

jolie2

First They Killed My Father е името на најновиот филмски проект за кој таа застана зад камерата, а по паузата Џоли се врати во туристичкиот град Сием Риеп, каде што се префрли самата екипа.

Џоли беше забележана на сетот на First They Killed My Father како дава инструкции на екипата која е инволвирана во продукцијата, а самиот филм ќе има речиси азиска екипа.

Филмот е продуциран од Netflix, а е адаптација на First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers, мемоарот на Луанг Унг, активистка која го преживеала режимот на „Црвените Кмери“ во оваа држава.

jolie3

Уште не е познато која азиска актерка ќе ја толкува улогата на Луанг, но засега продукцијата е фокусирана на снимањето на second unit од продукцискиот тим.

Џоли го напиша и сценариото, но за сега не е позната датата кога филмот ќе биде прикажан на Netflix. Дотогаш, погледнете како тече снимањето во Камбоџа.

jolie4

jolie5

jolie6

jolie7

jolie8

 

Објавено од admin .f24 на 9 February 2016, 09:18