Први клипови од високо стилизираниот Macbeth

Први клипови од високо стилизираниот Macbeth

Пристигнаа првите два клипа од новиот Macbeth. Oва е најновата адаптација на најмасивното Шекспирово дело и за тие кои не се запознаени со неговата содржина, Macbeth е приказна за истоимениот генерал (Мајкл Фасбендер), кој со помош на својата жена (Марион Котилард) го убива кралот и го превзема тронот, само за подоцна биде запоседнат од параноја и лудило. Инспиративна приказна за целата фамилија.

macbeth+2

Клиповиве кои се појавија, заедно со премиерното прикажување кое филмот го имаше на Канскиот Фестивал, каде беше во конкуренција за престижната Златна Палма на фестивалот, не ни прикажуваат ништо од специфичнниот дијалог препознатлив за Шекспир, напротив, фокусот во нив е да се прикаже импресивната насока по која тргнал Џастин Курзел, режисерот на оваа нова адаптација.

Тоа што може да ни го прикажат клиповите, е најава за една високо стилизирана крвава драма со силен тон и вознемирувачка атмосфера сместена во воено растргнатото Шкотско поднебје. Погледнете:

Освен Мајкл Фасбендер и Марион Котилард, во филмот на Џастин Курзел, ќе се појават уште и Шон Харис, Дејвид Телис, Педи Конседин, Џек Рејнор и Елизабет Дебицки. Официјалното премиерно прикажување низ кино салите е закажано за 2-ри октомври годинава и искрено се надеваме дека ќе имаме можност да го погледнеме и кај нас.

Филмот ветува многу и го собра сето внимание и сите позитивни критики во Кан.

Објавено од Мартин Чалакоски на 26 May 2015, 08:27