Првиот поглед на Никол и Колин во The Beguiled

Првиот поглед на Никол и Колин во The Beguiled

Никол Кидман овој месец ќе се бори за вториот Оскар во кариерата. Австралиската актерка освои номинација за оваа престижна награда за глумата во филмот Lion, но сега пристигнаа и најновите (и први официјални) фотографии од The Beguiled.

sofia3

Римејкот на истоимениот филм од 1971-ва година, сега е режиран од оскаровката Софија Копола, а првите фотографии од самиот сет и првиот тизер беа објавени благодарение на EW магазинот. На нив може да се погледнат Никол Кидман, Колин Фарел, Кристен Данст (честата соработничка на Копола), но и Ел Фенинг која исто така веќе соработуваше со режисерката на Somewhere, филмот од 2010-та година.

sofia_in

Во оригиналниот филм од 1971-ва година главните улоги ги толкуваа Џералдин Пејџ и Клинт Иствуд, а премиерата за римејкот во режија на Софија Копола е закажана за 23-ти јуни, оваа година.

Погледнете:

The-Beguiled-620x376

Daniel Wu as Sunny - Into the Badlands _ Season 2, Episode 3 - Photo Credit: Antony Platt/AMC

Објавено од admin на 9 February 2017, 10:05