Револуција на кучињата во трејлерот за White God

Револуција на кучињата во трејлерот за White God

Денеска го имаме првиот трејлер за унгарскиот филм White God кој во текот на оваа година доби неколку значајни филмски признанија, вклучувајќи ги и наградите во Кан и Санденс. Филмот е исто така кандидат од Унгарија за наградата Оскар за најдобар странски филм.

White God ја користи денешната ситуација со злоупотребата и неправилното третирање на животните како метафора за илустрација на актуелните политички и културни прашања во Европа.

Режијата и сценариото се на Корнеч Мундричо. Во главните улоги се појавуваат Зофиа Псота, Сандор Зотер и Лили Хорват. Премиерата во САД е закажана за 27-ми март, следната година.

Објавено од admin на 9 December 2014, 12:11