Се собра цела екипа за Trainspotting 2

Се собра цела екипа за Trainspotting 2

Tristar Pictures на Sony ги откупи правата за сеуште ненасловеното прдолжението на култниот и можеби до сега најдобар британски филм, Trainspotting. Дени Бојл (Slumdog Millionaire, 127 Hours, Sunshine), режисерот и „виновникот“ за постоењето на овој прекрасен филм, со ова ги доби неопходните финансии и можноста за конечно по долго време повторно ги оживее на големото платно незаборавните карактери од романот на Ирвин Велш.

За потребите на овој нов проект Дени повторно се обединува со сценаристот Џон Хоџ, како и со комплетната оригинална актерска екипа на филмот од 1996. Иан МекГрегор, Џони Ли Милер, Иан Бремнер и Роберт Карлајл ќе ги репризираат своите улоги на Рентон, Сик Бој, Спад и Бигби.

enhanced-1681-1449434548-1

Филмот ке започне да се снима подоцна годинава, а Sony планира да биде готов и премиерно прикажан во 2017-та година, кога е и 21 годишнината од излагањето на Trainspotting.

„Поминаа 20 години откога за прв пат се запознавме со овие карактери, а сценариото на Џон Хоџ на брилијантен начин истражува што се случило со нив низ изминативе години“, изјави Дени Бојл.

Првичниот филм доживеа голем финансиски успех, огромни критички признанија и доби култен статус кај една цела генерација. Речиси не постои некој роден во 80-те кој не се сеќава на ова:

Trainspotting

Под огромен притисок да не разочараат, нешто за што е свесен и самиот режисер, кој за BBC изјави – „И повеќе од јасно е дека луѓе ќе не убијат ако го оцрниме имиџот, а јас дефинитивно ќе бидам распнат“, интересно ќе е да видиме варијанта на што потоа, што по изборот…

Објавено од Мартин Чалакоски на 9 December 2015, 09:08