A Star Is Born за Лејди Гага и Бредли Купер

A Star Is Born за Лејди Гага и Бредли Купер

Лејди Гага веќе заработи номинација за Златен глобус за перформансот во серијата American Horror Story, но веќе следната година ќе ја видиме во главна улога, и повторно на филмското платно.

gaga

Пејачката ќе биде дел од најновиот римејк на мјузиклот A Star Is Born, филмскиот римејк кој сега е ко-напишан и режиран од нејзиниот колега Бредли Купер. Купер исто така ќе ја толкува главата машка улога (таа на Џексон Мејн), а покрај Лејди Гага и Бредли во римејкот ќе ги видиме и Сем Елиот и Ендру Дајс Клеј.

A Star Is Born оригинално беше снимен во 1937-ма година, а од тогаш па наваму филмот доби повеќе римејк верзии, секако најпозната е таа со Џуди Гарланд во главната улога. Гарланд дури заработи и номинација за Оскар за улогата, но не успеа да ја освои статуетката.

gaga2

A Star Is Born ќе пристигне во кино салите следната година, а ова се дел од фотографиите од сетот на A Star Is Born во Лос Анџелес.

gaga3

gaga4

gaga5

gaga8

gaga9

gaga10

Објавено од admin на 20 April 2017, 07:28