Steve Jobs официјален трејлер: Човекот кој ја создаде иднината

Steve Jobs официјален трејлер: Човекот кој ја создаде иднината

По неколку месеци од тизерот за Steve Jobs, конечно пристигна и официјалниот трејлер за најновото дело на режисерот Дени Бојл.

Овој пат во насловната улога на култниот иноватор и компјутерски гениј, Стив Џобс ќе имаме можност да го видиме ирско-германскиот актер Мајкл Фасбендер, а колегата од раните денови на Apple, Стив Вознијак ќе биде портретиран од Сет Роген.

Steve Jobs ќе ја следи кариерата и животот на Џобс од почетоците во гаражата на Лос Алтос во Калифорнија, неговиот турбулентен живот и ќерката која не сакал да ја признае како легитимно дете, па се до креирањето на iMac компјутерот кон крајот на 90-те години на минатиот век.

steve-jobs-movie-michael-fassbender-600x249

Покрај Фасбендер и Роген, во останатите улоги ќе ги видиме и одличните Кејт Винслет, Кетрин Вотерстон и Џеф Даниелс. Сценариото го напиша Арон Соркин, а самиот филм е адаптиран од истоимената книга на Валтер Исаксон.

Фасбендер во главната улога, како и Винслет во споредната, уште од сега се споменуваат како фаворити во претстојната трка на награди во американските медиуми, а истото важи и за Бојл зад камерата, но и за Арон Соркин во категоријата најдобро адаптирано сценарио.

Премиерата на Steve Jobs е закажана за 9-ти октомври, а во меѓувреме погледнете го првиот официјален трејлер.

Објавено од admin .f24 на 2 July 2015, 07:43