Интернационален трејлер за Great Expectations

Интернационален трејлер за Great Expectations

BBC Films денеска го прикажа новиот интернационален трејлер за последната адаптација на класиката на Чарлс Дикенс, Great Expectations. Приказната во филмот го прати Пип, младо сираче кому му е дадена шанса да се избави од сиромаштијата, благодарение на мистериозен добротвор. Напредувајќи низ високото друштво на Лондон, Пип ја користи својата нова позиција да ја освои убавата Естела, разгалена наследничка на големо богатство, во која тој е заљубен уште од детството. Погледнете го трејлерот:

Во филмот се појавуваат многу талентирани британски актери: Џереми Ирвин, Ралф Фајнс, Хелена Бонхам Картер, Роби Колтрејн, Џејсон Флеминг и Сали Хокинс. Сценариото е на Дејвид Николс, додека режисер е познатиот Мајк Њувел (Four Weddings and a Funeral, Harry Potter and the Goblet of Fire, Prince of Persia: The Sands of Time). Great Expectations ја имаше својата премиера на Филмскиот Фестивал во Торонто.

Објавено од admin на 18 September 2012, 14:28