Трејлер за контроверзниот Nymphomaniac на Ларс Вон Триер

Трејлер за контроверзниот Nymphomaniac на Ларс Вон Триер

По бројните слики, постери и клипови, денеска конечно го имаме и првиот официјален трејлер за контроверзниот Nymphomaniac, на данскиот режисер Ларс вон Триер (Melancholia, Antichrist, Dogville).

Филмот ја доби ознаката NC-17, поради несимулиирачките секс сцени, што е доста ретко во филмската индустрија, а уште почудно и поневеројатно кога ќе ја погледнете листата на актери кои глумат: Ума Турман, Вилијам Дефо, Кристијан Слејтер, Шиа Лабеуф, Џејми Бел, Кони Нилсен, Стелан Скарсгард и Шарлот Геинсбург.

Трејлерот е забранет за лица под 18 години:

Приказната ја прати Џои, само-дијагностицирана нимфоманка, која ги раскажува нејзините еротски искуства на Селигман, нејзниот нов пријател кој и го има спасено животот.

Nymphomaniac ќе се појави во кино салите на 25-ти декември.

Објавено од admin на 23 November 2013, 10:31