Убавината на The Revenant

Убавината на The Revenant

The Revenant, најновото дело на Оскаровецот Алехандро Гонзалес Ињариту ќе пристигне во кино-салите (во лимитиран број) на 25-ти декември (а во нормална дистрибуција на 8-ми јануари следната година), но 20th Century Fox објави нова доза на фотографии во кои примарно можете да ја видите „заслепувачката убавина“ на филмот.

leo_7

Помогнат од кинематографијата на Емануел Лубезки, долгогодишниот пријател и соработник на Ињариту, The Revenant се очекува да биде визуелно „патување“ низ дивиот запад на САД.

therevenant2

Сместен во 19-от век, The Revenant ќе ја следи вистинската приказна на Вил Глас (Леонардо ди Каприо) и неговата одмазничка мисија низ дивината да ги пронајде колегите кои го предале и оставиле да умре по нападот од мечка. Покрај Лео, во филмот ќе ги видиме и Домнал Глисон, Том Харди, Вил Поултер и Лукас Хас.

Погледнете.

leo6

leo

leo2

leo3

leo4

leo5

Објавено од admin .f24 на 29 September 2015, 09:37