War Machine втор трејлер: Бред сака да победи во војната

War Machine втор трејлер: Бред сака да победи во војната

Бред Пит има доста воени филмови во досегашната кариера. Inglourious Basterds, Fury а сега и најновиот проект War Machine.

Вториот трејлер за воената сатира на Netflix конечно пристигна на само неколку недели пред премиерата и тој е урнебесен како и првиот официјален трејлер. А холивудската ѕвезда во War Machine ќе биде генералот во армијата на САД, Глен Мекмахон.

brad

Искусен но саркастичен генерал кој ќе биде донесен во Авганистан да стави крај на војната со победа, но таму ќе се најде во многу „замрсена“ ситуација, и наместо да донесе мир, ќе предизвика уште поголем конфликт.

War Machine е адаптација на The Operators книгата од Мајкл Хестингс, а покрај Бред во филмот на Дејвид Миход ќе ги видиме и Емори Коен, Топер Грејс, Вил Поултер, Скот Мекнејри и оскаровецот Бен Кингсли.

brad4

Премиерата е закажана за 26-ти овој месец, а ова е вториот официјален трејлер:

Објавено од admin на 11 May 2017, 07:23