10-те најсмешни и најапсурдни умирања во филмовите

10-те најсмешни и најапсурдни умирања во филмовите

Смрт на еден од главните карактери во пикот на заплетот на филмот може да претставува шокантен пресврт за приказната, а многу често знае да доведе и до солзи.

Па во прилог еден одличен 5 минутен супер микс од 10 специјано селектирани филмски сцени демонстрира како најлесно со само неколку секунди може да се доведе публиката до солзи, но не од сочуство, туку поради унребесниот и апсурден начин на кој умира жртвата во дадената сцена.

И да, покрај тоа што оваа доста позната е најверојатно и најдобрата,

Pulp_Fiction_Marvin_640x360_64275523687

тука во ова видео не станува збор за овие добро испланирани, одлично измонтирани  и тотално неочекувани сцени. Тука станува збор за непроценлива колекција од оние неописливо идиотски сцени кој те доведуваат да се запрашаш дали филмот воопшто е филм режиран од некој кој поседува барем неколку мозочни келии.

И на прво гледање на овие доста познати и култни филмови и на нивно второ, трето, па и сега повторно кога се гледаат како дел од овој микс, една интрига секогаш проникнува, а тоа е реакцијата на нивниот творец кога добил шанса за прв пат да го види своето „чедо“.

Head in Hands

Во прилог и на ваше задоволство:

Објавено од Мартин Чалакоски на 18 October 2015, 19:42