15 најгледани филмови во 2015 година (досега)

15 најгледани филмови во 2015 година (досега)

Помина првата половина од 2015 година, а летната филмска сезона е во полн ек. Хитовите како Furious 7, Avengers: Age of Ultron и Jurassic World веќе се појавија во кино салите и заработија солидни суми.

Вчера беше премиерата и на Terminator: Genysis, ново квази-продолжение од култната научно фантастична франшиза, од кое се очекува да остави трага на бокс офисот. Потоа следуваат спин-оф проектот Minions, новиот проект на Марвел, Ant-Man, а кон крајот на јули и ветувачкиот Mission Impossible: Rogue Nation со Том Круз.

Август започнува со нова филмска адаптација на Fantastic Four, а по него следува и The Man from U.N.C.L.E. на режисерот Гај Ричи. Следниот месец се и премиерите на биографскиот Straight Outta Compton, Hitman: Agent 47, Masterminds, како и продолженијата на хоророт Sinister и Crouching Tiger, Hidden Dragon.

Подолу пак, ви претставуваме листа на филмови кои ја одбележаа првата половина од оваа година, односно листа на 15 најгледани филмови во Северна Америка во првите шест месеци од 2015:

1. Jurassic World
Прв викенд (САД): $208 милиони
Заработка (САД): $514 милиони
Заработка (вкупно): $1 милијарда и 259 милиони
Буџет: $200 милиони

2. Avengers: Age of Ultron
Прв викенд (САД): $191 милион
Заработка (САД): $452 милиони
Заработка (вкупно): $1 милијарда и 372 милиони
Буџет: $250 милиони

3. Furious 7
Прв викенд (САД): $147 милиони
Заработка (САД): $351 милиони
Заработка (вкупно): $1 милијарда и 511 милиони
Буџет: $190 милиони

4. Inside Out
Прв викенд (САД): $90 милиони
Заработка (САД): $200 милиони
Заработка (вкупно): $282 милиони
Буџет: $150 милиони

5. Cinderella
Прв викенд (САД): $67 милиони
Заработка (САД): $200 милиони
Заработка (вкупно): $538 милиони
Буџет: $95 милиони

6. Pitch Perfect 2
Прв викенд (САД): $69 милиони
Заработка (САД): $181 милиони
Заработка (вкупно): $277 милиони
Буџет: $40 милиони

7. Home
Прв викенд (САД): $52 милиони
Заработка (САД): $174 милиони
Заработка (вкупно): $367 милиони
Буџет: $135 милиони

8. Fifty Shades of Grey
Прв викенд (САД): $85 милиони
Заработка (САД): $166 милиони
Заработка (вкупно): $569 милиони
Буџет: $40 милиони

9. The SpongeBob Movie
Прв викенд (САД): $55 милиони
Заработка (САД): $162 милиони
Заработка (вкупно): $311 милиони
Буџет: $74 милиони

10. Mad Max: Fury Road
Прв викенд (САД): $45 милиони
Заработка (САД): $147 милиони
Заработка (вкупно): $356 милиони
Буџет: $150 милиони

11. San Andreas
Прв викенд (САД): $54 милиони
Заработка (САД): $143 милиони
Заработка (вкупно): $442 милиони
Буџет: $110 милиони

12. The Divergent Series: Insurgent
Прв викенд (САД): $52 милиони
Заработка (САД): $130 милиони
Заработка (вкупно): $295 милиони
Буџет: $110 милиони

13. Kingsman: The Secret Service
Прв викенд (САД): $36 милиони
Заработка (САД): $128 милиони
Заработка (вкупно): $403 милиони
Буџет: $81 милиони

14. Spy
Прв викенд (САД): $29 милиони
Заработка (САД): $90 милиони
Заработка (вкупно): $196 милиони
Буџет: $60 милиони

15. Tomorrowland
Прв викенд (САД): $33 милиони
Заработка (САД): $90 милиони
Заработка (вкупно): $202 милиони
Буџет: $190 милиони

Објавено од admin на 2 July 2015, 10:40