22 одлични хорори кои треба да ги гледате за Ноќта на вештерките

22 одлични хорори кои треба да ги гледате за Ноќта на вештерките

Сите знаеме дека постојат многу хорор франшизи полни со безначајни ликови и повторувачки приказни кои ни здосадуваат по кратко време. Но, од време на време се појавуваат одлични дела кои го редефинираат, револуционизираат и воздигнуваат овој жанр и ја доловуваат суштината на хорор приказните.

Иако станува збор за хорор филмови, тие ни нудат мноштво идеи, прашања и теми, и ни претставуваат чувства на лутина, очај, депресија, но во многу случаи и оптимизам.

22-та наслови кои се претставени подолу не се исклучиво наменети за филмоманите и љубителите на хоророт, туку и за луѓе кои не се толку запознаени и посветени на овој жанр, но сакаат да се вклучат во возбудливо (и страшно) искуство.

Подолу се 22 предлог филмови кои би можеле да ги погледнете за време на Ноќта на Вештерките:

1. American Psycho (2000)
Режија: Мери Харон
Главни улоги: Кристијан Бејл, Џастин Теру, Рис Витерспун

2. Shadow of the Vampire (2000)
Режија: Елиас Мерхиг
Главни улоги: Џон Малкович, Вилијам Дефо, Кетрин Мекормак

3. The Devil’s Backbone (2001)
Режија: Гилермо дел Торо
Главни улоги: Марис Передес, Едуардо Нориега, Федерико Лупи

4. Shaun of the Dead (2004)
Режија: Едгар Рајт
Главни улоги: Сајмон Пег, Ник Фрост, Кејт Ешфилд

5. Bug (2006)
Режија: Вилијам Фридкин
Главни улоги: Ешли Џад, Мајкл Шенон, Лин Колинс

6. Fear(s) of the Dark (2007)
Режија: Чарлс Брнс, Лорензо Матоти, Ричард Мегваер
Главни улоги: Никол Гарсија, Франсоа Кретон, Гил Алма

7. Rec (2007)
Режија: Хаум Балагеро, Пако Плаза
Главни улоги: Мануела Веласко, Феран Тераза, Висенте Гил

8. Let the Right One In (2008)
Режија: Томас Алфредсон
Главни улоги: Кара Хедебрант, Лина Леандерсон, Хенрик Дал

9. Coraline (2009)
Режија: Хенри Селик
Главни улоги: Дакота Фенинг, Тери Хачер, Иан Мекшејн

10. The Cabin in the Woods (2012)
Режија: Дру Годард
Главни улоги: Кристен Коноли, Крис Хемсворт, Ана Хачинсон

11. Red State (2011)
Режија: Кевин Смит
Главни улоги: Мајкл Паркс, Мелиса Лео, Џон Гудман

12. You’re Next (2011)
Режија: Адам Вингард
Главни улоги: Шарни Винсон, Џо Свонберг, Венди Глен

13. Kill List (2011)
Режија: Бен Витли
Главни улоги: Нил Маскел, Хари Симпсон, Ема Фраер

14. Sightseers (2012)
Режија: Бен Витли
Главни улоги: Алис Лов, Кенет Хадли, Стив Орам

15. Berberian Sound Studio (2012)
Режија: Питер Стрикланд
Главни улоги: Тоби Џонс, Антонио Мансино, Кјара Д’Ана

16. Under the Skin (2013)
Режија: Џонатан Глејзер
Главни улоги: Скарлет Јохансон, Џереми Меквилијамс, Ендру Горман

17. A Field in England (2013)
Режија: Бен Витли
Главни улоги: Џулијан Барат, Питер Фернандо, Ричард Гловер

18. Only Lovers Left Alive (2013)
Режија: Џим Џармуш
Главни улоги: Тилда Свинтон, Том Хидлстоун, Миа Васиковска

19. The Babadook (2014)
Режија: Џенифер Кент
Главни улоги: Еси Дејвис, Ноа Вајсман, Даниел Хенсол

20. A Girl Walks Home Alone at Night (2014)
Режија: Ана Лили Амирпур
Главни улоги: Шила Вонд, Араш Маранда, Маршал Манеш

21. What We Do in the Shadows (2014)
Режија: Џермејн Клемент, Таика Ваитити
Главни улоги: Џермејн Клемент, Таика Ваитити, Сту Ратерфорд

22. It Follows (2014)
Режија: Дејвид Роберт Мичел
Главни улоги: Маика Монро, Оливиа Лукарди, Деби Вилијамс

Извор: Taste of Cinema

Објавено од admin на 30 October 2015, 08:15