7 познати рачни часовници директно од филмското платно

7 познати рачни часовници директно од филмското платно

Иако живееме во време кога секогаш може да проверите колку е часот на вашиот телефон, рачните часовници секогаш биле и ќе останат детал кој изгледа убаво, а во исто време и открива нешто за вашата личност, карактер и вкус. Магазинот Shortlist објави интересна листа на најпознатите рачни часовници од филмовите. Ние за вас ги издвоивме најинтересните 7:

Филм: Batman Begins
Часовник: Reverso Grande Taille

 

Reverso Grande Taille е часовник кој Кристијан Бел го носи во првите два дела од трилогијата. За третиот дел, компанијата произведе посебен улта-тенок часовник со Бетмен симболот. Интересното за овој часовник е тоа што има заштитен челик, кој се подесува да го заштити лицето на часовникот.

 

 

Филм: The Big Lebowski
Часовник: Casio DW-5900

 

Mожеби куглањето не е нешто што асоцира на висока мода, но сепак Валтер Собчек е доста „модерен“ лик. Не само што  носи авиаторки и сафари елек, овој модел на часовник кој го носи во филмот доби колекционерска вредност.

 

 

Филм: Pulp Fiction
Часовник: Lancet

 

Ви текнува на сцената кога Капетанот Кунс (Кристофер Вокен) му ја раскажува приказната на малиот Бач за неговиот татко во кампот за затвореници во Виетнам? Е овој часовник… Па добро, ако сте го гледале филмот би требало да знаете каде го чувал две години. Овој часовник исто така беше и причината Бач (Брус Вилис) да мора да се врати во станот во кој го чекаше големо изненадување.

 

Филм: Back to The Future
Часовник: Casio CA53W Twincept Databank

 

Ги паметите ли часовниците со дигитрон кои беа популарни во 80-тите и 90-тите? Баш таков имаше Марти (Мајкл Џеј Фокс) во култната трилогија Back to The Future. Чисто информативно, саатот има 8 дигитен калкулатор, стоперица, календар, аларм и е водо-отпорен. Класика нели?

 

 

Филм: 2001: Space Odissey
Часовник: Hamilton

 

Брендот Hamilton се познати по нивната соработка со Холивудските режисери и продуценти. Низ годините имаат направено неколку посебни часовници, а во 60-тите, Стенли Кјубрик ги задолжи за работата на часовникот за неговата футуристичка Одисеја. Часовникот може и денес да си го набавите, а чини некаде од 800 до 1250 фунти.

 

 

Филм: Casino Royale
Часовник: Omega Seamaster Professional & Seamaster Planet Ocean

 

 

Веспер Линд: “Ролекс?”
Џејмс Бонд: “Омега.”

 

 

 

Филм: American Psycho
Часовник: Rolex Datejust

 

Иако веќе има култен статус на филм, многу од брендовите и дизајнерите, чија облека ја носи Бејтмен (Кристијан Бејл) во American Psycho, не дозволиле нивните производи да се појавуваат во насилните сцени од филмот. Баш поради таа причина една од најпознатите реплики од книгата „Не чепкај го Ролексот“ била изоставена. Нареден пат кога решите да го гледате American Psycho, забележете дека Бејл го носи Ролексот само во „културните“ сцени.

Објавено од admin на 15 March 2013, 10:45