Алиша Викандер: Од хуманоиден робот до високопрофилни блокбастери

Алиша Викандер: Од хуманоиден робот до високопрофилни блокбастери

Алиша Викандер е насекаде годинава. Актерката изби на голема сцена со улогата на Ева, хуманоидниот робот на Алекс Гарланд, каде заедно со Оскар Ајсак и Домнал Глисон на наше големо задоволство ни го пренесоа феноменалниот Ex Machina, режисерското деби на Алекс.

A New York Special Screening of A24's "EX MACHINA"

Но не застанува тука. Актерката во подем е во исчекување на премиерите на уште неколку надежни проекти во кој е инволвирана, The Man From U.N.C.L.E (Гај Ричи), Testament of Youth (Џејмс Кент) и Danish Girl (Том Хупер) и за која се проширија гласини дека ќе соработува со Том Хенкс во новиот проект на Џејмс Понсолт, филмската адаптација на бестселерот The Circle. Според Deadline, актерката добила понуди за два високопрофилни идни блокбастери, кои можеби ке ја натераат да се откаже од овој проект.

Според сајтот, Алиша е во преговори со продуцентите нa Assassins Creed, адаптацијата на истоимената култна видео игра, за која веќе се ангажирани Мајкл Фасбендер и Марион Котилард и за најновото сеуште ненасловено Bourne – продолжение, кое треба да се појави во кината на 29-ти јули наредната година, во кое повторно се враќаат Мет Дејмон и Пол Гринграс, режисерот на Bourne Ultimatum (2007) и Bourne Supremacy (2004).

Доколку ова се потврди, Алиша која покажа според мене огромен актерски капацитет и глума преку одлични фацијални експресии во Ex Machina, ќе има полни раце работа во блиска иднина да се пробие низ меинстрим холивудските кругови каде како што изгледа почнаа се повеќе и повеќе да и се отвараат продуцентските врати.

Да се надеваме само дека ќе направи добри избори и ќе зачекори низ правилните, оние кои би ја однеле до проекти што го потенцираат нејзиниот талент и ја доквалификуваат како актерка, а не високопрофитабилните кои само би го експлоатирале нејзиното име и моментална слава.

Објавено од Мартин Чалакоски на 26 May 2015, 08:53