Бил Козби обвинет за сексуален напад

Бил Козби обвинет за сексуален напад

Пристигна првата кривична пријава за Бил Козби во врска со озогласените шпекулации за неговиот однос со женскиот пол.

Бил Козби е обвинет за наводен сексуален напад на Андреа Констанд, бившата вработена во Темпл Универзитетот, настан кој наводоно се случил во 2004тата година.

Бившиот комедијант е обвинет со кривично дело од втор степен за присилен непристоен напад изјави Кевин Стил избраниот Јавен Обвинител на Монтгомери вчера рано изутрина. Стил изјави дека обвинението е поднесено поради изнаоѓање на нови доказни материјали кои биле доволни да се отвори повторно случајот кој беше започнат во 2005та по кривичната пријава поднесена од наводната жртва кон Козби за дрогирање без согласност со наркотични средства и сексуално злоставување од негова страна.

Според афадејвидот поднесен заедно со кривичната пријава, Козби во два наврати се обидел сексуално да ја слостави откога двајцата се сретнале преку кошаркаската програма на универзитетот. Според жртвата, таа во комедијантот гледала ментор и пријател.

Застапникот и адвокатот на Козби одбија да коментираат на обвинението.

Повеќе информации можете да проследите на страната на Hollywood Reporter, на овој линк.

Објавено од Мартин Чалакоски на 31 December 2015, 11:03