Бокс офис прогноза за претстојниот викенд

Бокс офис прогноза за претстојниот викенд

Кога станува збор за анимираните филмови, јануарскиот рекорд за викенд заработка е во сопственост на The Nut Job ($19.4 милиони). Меѓутоа, од денеска во кино салите во САД започнува со прикажување најновото продолжение од анимирана авантура Kung Fu Panda. Се очекува По и дружината без никаков проблем да постават нов рекорд – прогнозите се во рангот од 45 до 55 милиони долари.

“Конкуренција” на Kung Fu Panda овој викенд ќе бидат пародијата Fifty Shades of Black на Марлон Вајанс од која се очекува да заработи од 8 до 12 милиони долари и The Finest Hours со Крис Пајн, авантура сместена во 50-те години на минатиот век, за која викенд прогнозите се движат околу 10 милиони долари.

Не треба да ги заборавиме и филмовите кои оставија белег на бокс офисот изминатиот месец – Star Wars: The Force Awakens и The Revenant. Прогнозите за овие наслови се 12 и 10 милиони долари, соодветно.

Веќе со сигурност знаеме кој ќе ја освои бокс офис круната за претстојниот викенд, но ќе биде неизвесна битката за второто место, каде во конкуренција се дури четири филма.

Подолу се бокс офис прогнозите за викендот што следува:

1. Kung Fu Panda 3 – $52.4 милиони
2. The Revenant – $10.9 милиони
3. Fifty Shades of Black – $10.3 милиони
4. Star Wars: The Force Awakens – $9.8 милиони
5. The Finest Hours – $8.9 милиони
6. Dirty Grandpa – $6.6 милиони
7. Ride Along 2 – $6.2 милиони
8. The 5th Wave – $5.3 милиони
9. 13 Hours – $5.1 милиони
10. The Boy – $5.1 милиони

Објавено од admin на 29 January 2016, 12:53