The Boss Baby пак остана без конкуренција на бокс офисот

The Boss Baby пак остана без конкуренција на бокс офисот

Анимираната комедија со Алек Болдвин во главната улога The Boss Baby, втор викенд по ред немаше никаква конкуренција од ривалските филмови за врвот на бокс офисот во С. Америка.

boss_baby

The Boss Baby повторно го освои првото место на бокс офисот откако заработи додатни 26 милиони долари. На втората позиција на бокс офисот остана live action адаптацијата на Beauty and the Beast, која по 4-та недела помината меѓу првите 3 на бокс офисот, заработи додатни 25 милиони долари.

BEAUTY AND THE BEAST

Вториот анимиран филм, меѓу првите 3 на бокс офисот во С. Америка Smurfs: The Lost Village успеа да дојде само до 3-та позиција, додека пак вториот новитет меѓу првите 5 филмови комедијата Going In Style мораше да се задоволи со 4-та позиција и заработка од 12 милиони долари.

1. The Boss Baby $26,300,000
2. Beauty and the Beast $25,022,000
3. Smurfs: The Lost Village $14,015,000
4. Going in Style $12,500,000
5. Ghost in the Shell $7,350,000

Објавено од admin на 10 April 2017, 07:36