Бред Пит си има свој омилен филм

Бред Пит си има свој омилен филм

Холивудската ѕвезда Бред Пит во првото интервју по бракоразводната постапка, објави многу работи. Тој за GQ Style објави јавно за борбата со алкохолот, животниот стил по распадот на бракот со Анџелина Џони, но и за омилениот филм кој до сега го снимил.

Актерот е познат по соработката со Дејвид Финчер (која трае повеќе од 20 години), а веќе беше во филмовите на Ридли Скот, Роберт Редфорд, Тони Скот, Едвард Ѕвик, Доминик Сена, Тери Гилијам, Гај Ричи, Стивен Содерберг, Алфонсо Куарон, браќата Коен, Квентин Тарантино, Теренс Малик и Бенет Милер. Моментално тој е актуелен со политичката сатира на Netflix наречена War Machine, но од сите филмови во кариерата, омилен му е само еден. Тој јавно истакна дека најмногу се гордее со The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford, вестернот во режија на Ендру Доминик.

-Тоа ми е омилениот филм во кој сум настапил, кратко изјави Бред за магазинот. Самиот актер се јави и како еден од продуцентите на филмот од 2007-ма година. The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford е долг 160 минути и во 2007-ма година беше бокс офис неуспех, но успеа да зграби 2 номинации за Оскар.

Едната беше за глумата од Кејси Афлек во споредна машка улога, а другата за најдобра кинематографија (за маестралниот Роџер Дикенс). Мало постетување зошто The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford е омилениот филм во кариерата на Бред Пит.

Објавено од admin на 5 May 2017, 07:17