Четири години Cineplexx Македонија

Четири години Cineplexx Македонија

По повод четвртиот роденден на Cineplexx Македонија, само во сабота, 19.ноември, сите проекции по цена од 150 МКД.

Вистинските љубители на филмот ќе имаат можност да уживаат во најактуелната филмска понуда и безброј други изненадувања.

Cineplexx Македонија го заокружува четвртото поглавје со одлични остварувања:

  • Речиси 1,5 милиони посетители
  • Повеќе од 500 филмски наслови
  • Преку 50.000 проекции
  • Ексклузивни претпремиери на светски блокбастери

„Додека ги броиме успесите низ годините и со нетрпение ги очекуваме најновите филмски остварувања, Ве покануваме заедно да прославиме“ – велат од Cineplexx Македонија.

Роденденската прослава e закажана за сабота, 19. ноември, кога цената на картите за 2Д и 3Д проекции ќе биде само 150 денари.

Не пропуштајте!

Том Круз во одличниот акционен филм ЏЕК РИЧЕР. Филмскиот хит снимен според истоимениот книжевен бестселер иснпириран од „Кодот на ДаВинчи“ и „Ангели и Демони“ од авторот Ден Браун ИНФЕРНО. Фантастичниот волшебник Др. СТРЕЈНЏ. Љубовната приказна со многу смеа, но и нежни емоции ЕСЕНТА НА САМУРАЈОТ со Петар Стругар. Од креаторите на Шрек ја имаме најпаметната и најсмешна анимирана комедија на годината, ТРОЛОВИ. Приклучете се на авантурата со кучешкиот тин астраонаут, Пушок, кој е решен да го пронајде својот исчезнат татко астронаут во ВСЕЛЕНСКА АВАНТУРА 2. Криминалистичкиот хорор / трилер ДЕВОЈКАТА ОД ФОТОГРАФИИТЕ. Ноќен стражар во компанија за блиндирани автомобили во јужен САД ја организира една од најголемите банкарски кражби во американската историја во ГЕНИЈАЛНИ УМОВИ. ГРЕБЕНОТ НА СПАСЕНИТЕ – вистинска приказна за единствениот американски војник во Втората Светска војна кој што се борел во првите борбени редови не носејќи оружје

Бидете и Вие дел од четвртиот роденден на CINEPLEXX Македонија!

Поради огромниот интерес, билетите се веќе пуштени во продажба на билетарите на киното Cineplexx, како и онлајн на веб страната на Cineplexx со Вашата Cineplexx Клуб Картичка.

Објавено од admin на 15 November 2016, 15:33