Creed: „Протежето“ на Роки Балбоа

Creed: „Протежето“ на Роки Балбоа

Спортската драма Creed овој месец не само што ја воодушеви публиката, туку и дел од филмските критичари кои го издвоија како еден од најдобрите филмови на годината. Режиран од Рајан Коглер (кој го режираше и одличниот Fruitvale Station), Creed е 7-от филм од култната Rocky франшиза, а водено е и spin off, но и индиректно продолжение на Rocky Balboa, филмот од 2006-та година.

creed

Покрај Силвестер Сталоне во култната улога на Роки Балбоа, сега во Creed имаме можност да го видиме и младиот Мајкл Б. Џордан во улогата на Адонис Крис (синот на Аполо Крид). Млад надежен талент кој треба да биде оформен во професионален боксер, а таа задача ќе ја привфати токму Роки, некогашниот ривал на неговиот татко во рингот.

Но, кој е Мајкл Б. Џордан?

Роден во Калифорнија, a израснат во Њу Џерси, Мајкл го одбра иницијалот од средното име Бакари за кај публиката да нема забуни со славниот кошаркар.

wire

Michael-B-Jordan-House-Portable

Иако кариерата ја започна кон крајот на 90-те првата позначајна улога ја имаше во бејзбол драмата Hardball во која глумеше покрај Кијану Ривс, но вниманието од колегите во Холивуд го доби со одличниот Fruitvale Station. Филмот не само што го стави на мапа, го направи да биде сметан за талент кој допрва треба да го покаже својот потенцијал.

cronicle

fantastic-four

Оваа година Мајкл го видовме во ужасниот Fantastic Four, но Creed е можноста за да си ја поврати репутацијата на сериозен и талентиран актер на кого му е потребен само вистинскиот проект.

Сепак, каде се можете да го погледнете Мајкл Б. Џордан?

Hardball (2001)

The Wire (2002)

Friday Night Lights (2009-2011)

Parenthood (2010-2011)

Red Tails (2012)

Chronicle (2012)

House (2012 – епизода Love is Blind)

Fruitvale Station (2013)

That Awkward Moment (2014)

Fantastic Four (2015)

Creed (2015)

Објавено од admin .f24 на 27 November 2015, 09:27